Audi го покажа обновениот R8 (фото+видео)

од desk2

Единицата „Audi Sport“ покажа официјални фотографии од редизајнираниот „R8“ и во двете верзии – купе и кабриолет кои ќе го водат како модел за 2019-та година. Како во дизајнот, возилото во голема мера ги повторува индикациите од неодамна прикажаниот тркачки прототип „R8 LMS GT3 Evo“.

Многу од технологиите се позајмени од него. Под капакот сепак останува досегашниот 5,2-литарски V10 мотор, што е премногу веројатно неговите карактеристики да бидат променети – нешто што од „Audi“ не го потврдуваат.

Сега моторот развива 610 КС и 560 Nm, но овие бројки ќе се зголемат до 640 КС и 600 Nm. Овие показатели за моторот се веќе факт во друг суперавтомобил – „Lamborghini Huracan“.

Според гласините, во исто време со обновениот „R8“ германскиот производител ќе претстави и „поедноставена“ варијанта на возилото со 2,9-литарски твин-турбо V6 мотор од моделите „Audi S4 Avant“ и „RS5“. Досега, претставниците на компанијата ја отфрлаат оваа опција.

Следната генерација на „Audi R8“ ќе се откаже од моторите со внатрешно согорување и ќе добие целосна електрична единица. Таа ќе се разликува од сегашната верзија и во пропорциите и во дизајнот, кои ќе бидат во стилот на концептниот модел „PB18 e-tron“.

Овој прототип беше претставен во Неделата на автомобили во Монтереј во август. Се потпира на 3 единици со моќност од 680 КС овозможувајќи забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 2 секунди.

https://www.youtube.com/watch?v=HN8ds7yqvko

Слични содржини