Автомобил се запалил на Теферич

од Vladimir Zorba

Возило „џип“, управувано од Д.М.(41) од Скопје, синоќа се запалило на местото викано Теферич во општина Кисела Вода. Нема повредени, соопшти МВР.

Случајот синоќа, во 19.29 часот, во СВР Скопје бил пријавен од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле на терен и констатирале дека возилото било опожарено. Возилото е сопственост на Амбасадата на Италија во земјава.

Д.М. појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата, наведува МВР.

Слични содржини