Филипче: Триесет лица се тестираат за коронавирусот, најголемиот број се од Дебар и околината

од Aleksandar Todeski

Денеска до 12 часот, вкупната бројка на заболени е 35. Доцна синоќа се изработија резултати на уште четворица пациенти кои беа во врска со сите претходно дијагностицирани, онаа група која вчера беше проверена, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

„Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, стабилна е ситуацијата на сите пациенти на Инфективната клиника, понатаму на пациентите во Дебар исто така. Стабилна е состојбата и на пациентката која што е на респираторна машина, нема знаци за влошување на нејзината состојба“, рече Филипче.

Министерот посочи и дека во моментов се порверуваат триесет лица, од кои најголемиот број се жители на Дебар и околината.

„Се прават анализи на уште триесет лица, едно од Куманово, две од Скопје, а останатите се граѓани на Дебар и околината. Се работи за лица кои немаат симптоми, но е можно да имале контакт со заболени лица“, истакна Филипче.

Слични содржини