Хамилтон и Ботас на чело на првиот тренинг во Австрија

од Vladimir Zorba

Луис Хамилтон со Мерцедес заврши на врвот на првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Австрија. Бранителот на титулата беше 0,127 секунди побрз од неговиот колега Валтери Ботас. На 0,107 секунди зад вториот Мерцедес беше Макс Верстапен. Директниот ривал на Хамилтон за титулата, Себастијан Фетел беше четврти на само три десетини зад него.

Ромен Грожан остана на седмо место како најбрз од средината, по Даниел Рикардо со Ред Бул и болидот на Ферари на Кими Раиконен.

Мерцедес претстави голема надградба на својот аеродинамичен пакет, надевајќи се дека ќе направи сериозен чекор напред во однос на Ферари оваа година. Рено конечно го претстави новиот MGU-K – дел од хибридниот систем кој ја враќа енергијата од задната оска. Францускиот тим, исто така, го покажа квалификацискиот режим на моторот со зголемена моќност.

Новиот елемент, сепак, во петокот беше поставен единствено во фабричките болиди на Рено, како и во Мекларен на Стофел Вандорн. Другиот Мекларен на Алонсо, како и двата Ред Були, избраа да не го користат овој викенд. И тројцата пилоти кои го внесоа новиот MGU-K, ќе бидат казнети на стартната линија, а Ред Бул не сакаат да ризикуваат такво сценарио во домашна трка.

Слични содржини