Јанева: Јавноста треба да види кој нуди рекет, кој е манипулиран и кој е измамен

од Vladimir Zorba

„Бараме да не биде исклучена јавноста и да се види цел доказен материјал од Зоран Милевски Кичеец. Сакам да се види кој нуди рекет, кој е манипулиран и кој е измамен“.

Ова го изјави обвинетата Катица Јанева на рочиштето за „Рекет“, откако обвинителството предложи за одреден број на материјални докази јавноста да биде исклучена од судот.

Првообвинетиот Бојан Јовановски пак, посочи дека тој е сниман незаконски од Кичеец и прифаќа да бидат соопштени сите докази пред јавноста.

– Прифаќам да ја сносам целата одговорност иако сум изманипулиран по повеќе основи, вели Боки 13.

И.Р.

Слични содржини