Канчевска – Милевска не ги давала документите на СЈО – викала на цел глас и поставувала услови

од Vladimir Zorba

Обвинители од Специјалното обвинителство со судска наредба во понеделникот влегле во Министерството за култура. Министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска била многу лута и викала на цел глас кога ги видела обвинителите, велат неофицијално извори од министерството за  sdk.mk.

Beti-sjo

Според нив, откако и било објаснето дека мора да ги даде докумените што ги барало СЈО, таа поставила услов првин да ги копира. Потоа, вработени во министерството за култура два дена ги фотокопирале документите и ги заверувале на нотар.

 Во СЈО потврдија дека водат истрага за случај поврзан со министерството за култура.

“Во оваа фаза на истрагата можеме да потврдиме дека со судска наредба влеговме во Министерството за култура за да обезбедиме докази за случаи што сме ги отвориле“. СЈО не открива што точно се истражува во Министерството за култура.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска на 29 август дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство. Ниту таа ниту СЈО не кажаа во кое својство и за кој случај беше повикана министерката.

текстот во целост прочитајте го тука

фото:СДК

Слични содржини