Касарната Пепелиште ќе биде изолационен центар за 200 лица кои треба да дојдат преку Деве Баир

од Aleksandar Todeski

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција најави дека околу 200 лица кои ќе пристигнат преку граничниот премин Деве Баир ќе бидат во групна изолација во касаранта Пепелиште која е целосно подготвена.

Фото: Борче Поповски

„Околу 200 луѓе, кои беа на унгарско-српската граница се очекуваат со организиран превоз на Деве Баир. Најголем број од нив работеле во ризичните региони во Италија, дел од нив во Австрија, точниот број ќе го регистрираме откако ќе дојдат во нашата земја. Сите ќе одат во касарната Пепелиште во Криволок во заедничка изолација“, истакна Филипче.

Министерот нагласи дека додека се тие 200 лица во изолација, нив ќе ги чуваат припадници на Министерството за внатрешни работи и ќе имаат редовна контрола од лекари.

Слични содржини