Локвенец во „Само Вистина“: Нема ,,пазарење,, со обидите за убиство на 27-ми април во Собранието

од desk2

Небулозни се обвинувањата на Мицкоски за вина на парламентарното мнозинство за одлагање на Комисијата за избори и именување за формирање на ДИК која патем ќе биде со шестмесечен мандат односно од времен карактер само за Референдумот, изјави Локвенец.


Локвенец ја поздрави денешната изјава на претседателот на Комисијата за избори и именување Илија Димовски наредната недела да закаже седница на комисијата за избори и именување по малку со чудење дали ова говори за разногласие во ВМРО ДПМНЕ, се прашува Локвенец кој смета дека таа ќе се одржи зашто според него станувало збор за човек кој ветува и исполнува односно Димовски бил човек од збор. Локвенец посочи дека СДСМ нема да прави ,, пазар,, за некаков закон за амнестија најавен од Мицкоски на луѓето обвинети за 27-ми април.

Минатото во Република Македонија нема да се повтори ако некој посакува, вели Локвенец,со судии од тефтерчиња, притисок врз судството или казни и обвиненија по нарачка. Локвенец рече дека и да не се виновни тие луѓе , со барањето за Закон за амнестија практично Мицкоски признал дека се виновни. Јас бев во Собранието и не посакувам на никого буквално на никого да го доживее она што го доживеавме ние на 27-ми април таква бруталност и самоволие и обид за убиство врз луѓе кои ги претставуваат граѓаните. Локвенец смета дека Мицкоски е под притисок веројатно на тие луѓе на кои икм било ветувано многу што за да го направат тој чин, и наместо амнестија вели Локвенец , Мицкоски треба да ги охрабрува тие луѓе да го кажат нарачателот и изумителот на нивното влегување во Собранието во ,, Само вистина,, . Локвенец дециден дека Македонија во четврток ќе добие формална покана од НАТО за членство и таа ќе била чиста и недвосмислена./Канал 5

исечок „Само вистина“ 6.07.2018

Локвенец во „Само Вистина“: Нема ,,пазарење,, со обидите за убиство на 27-ми април во СобраниетоНебулозни се обвинувањата на Мицкоски за вина на парламентарното мнозинство за одлагање на Комисијата за избори и именување за формирање на ДИК која патем ќе биде со шестмесечен мандат односно од времен карактер само за Референдумот, изјави вечерва пратеникот на СДСМ и член на ИК Хари Локвенец. Локвенец ја поздрави денешната изјава на претседателот на Комисијата за избори и именување Илија Димовски наредната недела да закаже седница на комисијата за избори и именување по малку со чудење дали ова говори за разногласие во ВМРО ДПМНЕ, се прашува Локвенец кој смета дека таа ќе се одржи зашто според него станувало збор за човек кој ветува и исполнува односно Димовски бил човек од збор. Локвенец посочи дека СДСМ нема да прави ,, пазар,, за некаков закон за амнестија најавен од Мицкоски на луѓето обвинети за 27-ми април. Минатото во Република Македонија нема да се повтори ако некој посакува, вели Локвенец,со судии од тефтерчиња, притисок врз судството или казни и обвиненија по нарачка. Локвенец рече дека и да не се виновни тие луѓе , со барањето за Закон за амнестија практично Мицкоски признал дека се виновни. Јас бев во Собранието и не посакувам на никого буквално на никого да го доживее она што го доживеавме ние на 27-ми април таква бруталност и самоволие и обид за убиство врз луѓе кои ги претставуваат граѓаните. Локвенец смета дека Мицкоски е под притисок веројатно на тие луѓе на кои икм било ветувано многу што за да го направат тој чин, и наместо амнестија вели Локвенец , Мицкоски треба да ги охрабрува тие луѓе да го кажат нарачателот и изумителот на нивното влегување во Собранието во #СамоВистина . Локвенец дециден дека Македонија во четврток ќе добие формална покана од НАТО за членство и таа ќе била чиста и недвосмислена.►https://youtu.be/LM0Gr1YafBo

Публикувахте от Канал 5 Телевизија в Петък, 6 юли 2018 г.

Слични содржини