МНР: Починатите туристи во Драч се од Битола

од Nikola Popovski

Денес беше објавено дека се случила трагична несреќа, при што двајца македонски туристи се удавиле на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч. Според информациите од МНР, телата на двајцата државјани на Македонија се пронајдени починати во морето близу Каваја.

-Двајцата се мажи М.М. (79) и Ц.М. (80) од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада, велат од МНР.

Генералнот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за „Њуз 24“ изјави дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа и биле дел од туристичка група од Северна Македонија.

– На двајцата туристи им беше направена срцева масажа, но не беше можно тие да се вратат во живот. Набљудувачот интервенирал кога најпрво видел едно од телата. Но, кога влегол понатаму во морето, ги видел двете тела. Причината за давењето е срцев застој. И двајцата се мажи. Изразувам сочувство до нивните семејства, рече Ласаку.

Тие биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.

Слични содржини