Од денес ќе се собираат потписи за кандидати за претседател и пратеници

од Nikola Popovski

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 -ми март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК).

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Претстојните претседателски избори ќе бидат со најмногу кандидати, вкупно девет. Досега во ДИК стигнале седум изјави за прифаќање на иницијативата за потписи за кандидат за претседател.

Актуелниот претседател Пендаровски најверојатно ќе трча по втор мандат за Вила Водно. Тој треба да биде кандидат на СДСМ на претстојните избори.

ДУИ го кандидира шефот на дипломатија Бујар Османи за претседателските избори.

Зад кандидатурата на Арбен Таравари претседателот на Алијансата застана обединетата албанска опозиција – Сојуз за европски промени.

И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски – претседател на партијата ЗНАМ номиниран за учество во претседателски ИЗБОРИ.

За прв пат Бошњачкиот демократски сојуз со свој кандидат на изборите. Мерсиха Смаиловиќ е третата жена која на овие избори ќе ја бара довербата од граѓаните за шеф на државата.

И Стевчо Јакимовски од ГРОМ влегува во трка на претседателските избори.

Први својата кандидатура ја објавија проф. Билјана Ванковска како кандидат на Левица и Д-р Вело Марковски како независен кандидат.

Слични содржини