Почина првото лице од британскиот мутиран вид на Ковид-19 во земјава

од Nikola Popovski

Во земјава се откриени два нови случаи на британската варијанта на коронавирусот, а веста ја објави на Твитер д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.

Според сознанија на Дојче веле станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена.

Претходно, новиот британски сој беше откриен кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел.

Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот.

Во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаја на Ковид-19 во земјата. Регистрирани се 444 оздравени пациенти, а починале 10 лица.

Слични содржини