Во случај на пожар во вашиот дом, постои една работа која може да го спаси животот на вашите деца, а најверојатно воопшто не сте свесни за неа. Имено, еден пожарникар кој и самиот е родител, објавил важно предупредување.
„Кога децата се мали, тешко е да ги убедите дека вратата од собата треба да биде затворена. Секогаш сакаат да е барем малку подотворена. Во училиштата ги едуцирам децата и единственото нешто што постојано им го објаснувам е колку е важно да спијат во соба со затворена врата.“
За да ја истакне неговата поента, пожарникарот објавил и две фотографии од врати. Едната врата е целосно црна и изгорена, а другата е бела, речиси недопрена од огнот.
„Сопствениците на домот и кучето се добри. Овие фотографии се одличен пример за тоа колку е важно да ја затворате вратата додека спиете. На двете фотографии се наоѓа вратата од спалната соба. Додека надворешната страна е целосно уништена, внатрешноста изгледа недопрено. Вратата била затворена и на тој начин ја заштитила спалната соба и сè што се наоѓа во неа.“
„Доколку некој се наоѓал во просторијата, затворената врата би му го спасила животот. Причината за пожарот сè уште се истражува, а се верува дека не е предизвикан намерно“, напишал пожарникарот на Фејсбук профилот на пожарната страница во Колд Спринг Харбор.