Прегазена жена на Рузвелтова од БМВ без регистарски таблички

од Vladimir Zorba

Жена вечерва е прегазена на ул.Рузвелтова во Скопје.

Возачот на автомобил БМВ без регистарски таблички веднаш го напуштил местото на несреќата.

Полицијата подоцна го фатила извршителот на делото.

Брза помош е повикана, а состојбата на жената е критична, според извори од полицијата.

Р.Т.

Слични содржини