76
Венчавката на принцот Хари и на Меган Маркл ќе се одржи на 19 мај следната година во капелата Сент Џорџ во дворецот Виндзор, соопшти денеска Кенсингтонската палата.
Двојката минатиот месец објави дека се верија по 18-месечна врска, пренесе AP.
Принцот Хари (33), кој е петти по ред во линијата за наследување на британскиот престол, со американската актерка Меган Маркл (36) се запознаа преку заеднички пријател на почетокот од 2016 година.