Приведен скопјанец баран за издржување затворска казна

од Nikola Popovski

Денеска (04.08.2023) во 10.50 часот на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(53) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини