Првата електрична Хонда ќе нема ретровизори

од desk2

Електричната Хонда нема да биде интерсна само поради симпатичниот ретро изглед , туку и со новите решенија за поголема безбедност.

Моделот Хонда Е ќе биде прв автомобил без надворешни ретровизори. Иако новите модели на другите автомобили имаат решенија како поместување на ретровизорот во мртвиот агол или систем на греење, Хонда воопшто го нема.

Ретровизорот е заменет со систем на камери, со цел да се подобри аеродинамиката и автомобилот да добие необичен изглед. Сликата од ретровизорот ќе се проектира на екран пред возачот , што е добро решени при слаба видливост или дождливо време.

Продажбата на електричните Хонди почнува следната година.

Слични содржини