Првaтa „осмица“ со четири врати (ФОТО/ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Еден од врвовите на салонот во Женева е M8 Gran Coupe. Прототипот покажува како ќе изгледа идната верзија со четири врати на новата „осмица“.

Баварците не откриваат никакви технички детали за автомобилот, истакнувајќи само дека некои од каросериските панели се направени од пластика, подзасилена со јаглеродни влакна.

Карактеристичната особина на M8 Gran Coupe е бојата од тип „камелеон“. Во зависност од осветлувањето, таа ја менува својата боја од зелена до сино-сива боја. Обликот на фаровите пак е извајан во стилот на купето M8 GTE што оваа година ќе се натпреварува во „24-те часа Ле Ман“.

BMW планира да издаде сериска верзија на концептот следната година. Дотогаш, продажбата на новата осма серија веќе започна, заменувајќи ја 6er, која го отстапи своето име во гамата на 5er GT.

Слични содржини