Рикардо ќе се преиспита со Ред Бул

од Vladimir Zorba

Даниел Рикардо е на пат да го обнови договорот со Ред Бул, иако веќе долго време е канет да оди во Мерцедес и Ферари.

И двата тима сепак не се подготвени за неговото доаѓање, откако „сребрените стрели“ се очекува да го потврдат доаѓањето на Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а „Скудерија“ едвај ќе го собере со Себастијан Фетел, дури и Кими Раиконен да не го продолжи договорот.

Австралиецот беше поврзуван и за Мекларен, каде сепак работите не одат, па во таква ситуација најлогично е да остане кај „Биковите“ кои се надеваат повторно да бидат конкурентни со моторите на Хонда.

„Сè уште треба да се расчистат работите, но наскоро сé ќе биде готово“, рече Рикардо на промотивен настан во Виена.

„Договорот е близу. Мерцедес и Ферари имаат јасен пилот бр.1, па опциите на Дани не беа многу. Знам дека тој не добил предлог од Ферари. Рено ќе ги задржи сегашните пилоти и во спортска смисла. Даниел нема друга алтернатива освен нас“, рече д-р Хелмут Марко.

Се очекува платата на Рикардо да биде значително подобрена, но и покрај тоа тој ќе продолжи да зема помалку од клубскиот колега Макс Верстапен.

Слични содржини