Руски новинар со анализа на гласот на Јулија Скрипал тврди дека некој и сугерира што да кажува

од desk2

Во недостиг на вистински информации, бидејќи Велика Британија одбива да и дозволи на Русија контакт со руските државјани отруени во Солисбери, медиумите водат некоја своја истрага и се занимаваат со шпекулации.

Новинарот Валентин Дегтерјов направил анализа на гласот на Јулија Скрипал со помош на специјален програм. Имено, тој го споредил гласот на Јулија со снимката од телефонски разговор и нејзините лични видео снимки од социјалните мрежи.

Потсетуваме, на почетокот на април ќерката на поранешниот полковник на Главната разузнавачка управа на Русија, Сергеј Скрипал, успеала да и се јави на својата братучетка Викторија. Жената ја дала аудио снимката на телевизијата “Русија 1”. Меѓутоа, тогаш никој не бил уверен во автентичноста. Експертите и новинарите забележале чудни моменти, односно дека повикот уследил еден ден откако Викторија Скрипал на новинарите им кажала дека не може да контактира со Сергеј и неговата ќерка.

Пред неколку дена, Дегтерјов ја анализирал оваа снимка и дошол до заклучок дека Јулија разговорот го имала под контрола на британските разузнавачки служби. “Непознат човек ја принудувал да кажува одредени работи”, изјавил тој. Освен тоа, по гласот се слуша дека девојката е во страв.

После тоа, новинарот ја продолжил својата истрага со споредување на фрагменти од телефонскиот разговор и видео-снимките од нејзините профили на социјалните мрежи, и наишол на контрасти. Изгледа дека на Викторија навистина и се јавила Јулија Скрипал.

Тоа се случило на 5. април. Меѓутоа, од тогаш за неа нема никакви вести, како ни за Сергеј. На руските дипломати и натаму им е ограничен пристапот. Периодично Британците даваат изјави во име на Јулија и соопштенија за состојбата на поранешниот агент на “GRU”. Никој не ги видел живи.

Дегтерјов заклучува: “Тие веројатно се елиминирани како “носители” на смртоносниот отров “новичок””.

Националната здравствена служба на Велика Британија соопшти на 4 мај дека два месеци по труењето, Сергеј Скрипал и натаму се наоѓа на клиника.

“По инцидентот, пациентот се наоѓа на одделението во болницата во Солисбери поради ефектот на нервниот агенс. Неговата здравствена состојба се подобрува, тој повеќе не е во критична состојба”, соопштила Националната здравствена служба, но не откри никаква друга информација.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изрази огорчување поради одбивањето на Британија да им дозволи на руските дипломати пристап до отруената Јулија Скрипал.

Слични содржини