Сака да се бори за нивната љубов: Кејт прати порака за која зборува цела Британија

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на неодамнешните доделувања на наградите БАФТА беа почесни гости, а сите зборуваа за тоа како не се ни допреле, а и одбегнувале да се погледнат, што уште повеќе ги загреа шпекулациите дека меѓу нив нешто не е во ред.

Меѓутоа, Кејт Мидлтон вчера се појави во јавноста заедно со сопругот, а овој пат на себе имала шал со срциња.

Многумина, како што пренесуваат странските медиуми, ова го протумачиле како нејзина порака за љубов и дека на овој начин сакала суптилно да прати порака дека ќе се бори за својот брак.

Неколку пати, Кејт била фотографирана во опуштено издание, па се смеела со оние кои ја опкружувале, исто како и нејзиниот сопруг.

Слични содржини