СЈО влезе во Општина Чаир

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство влезе во просториите на Општина Чаир. Според извори на Алсат М телевизија, СЈО во Чаир интервенирало во рамките на предистражна постапка за дивоградби. Тимот на Катица Јанева бил цели три часа во просториите на општината барајќи материјални докази.

Во бомбите на опозицијата функционерите на ДУИ дури и лично лидерот на ДУИ, Али Ахмети се слушаат како кројат внатрепартиски планови за продавање на објекти по цена од 1.000 евра за метар квадратен, потоа евентуално договарање меѓу Али Ахмети и Никола Груевски за одложување на уривањето на некои дивоградби во оваа општина и за интервенции на функционерите на ДУИ кај поранешниот министер за транспорт и врски за одложување на наредбите за уривање. Тогашното образложение било дека во општина Чаир таква интервенција би имала негативно политичко влијание кон ДУИ.

Во тек се веројатно првите истраги на тимот на Јанева за евентуални дивоградби и за злоупотреба на наредбите за уривање на објекти надвор од законот за легализација во Општина Чаир./извор Алсатм

Слични содржини