Светска банка: Земјотресите во Турција предизвикаа штета од над 34 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотресот со јачина од 7,8 степени и бројните последователни потреси кои ја потресоа јужна Турција од 6 февруари, предизвикаа штета од над 34 милијарди долари, процени денеска Светската банка.

Од институцијата соопштуваат дека во проценката не се земени предвид трошоците за реконструкција, кои веројатно се двојно повисоки. Исто така, не се земени предвид штетите предизвикани во северниот дел на Сирија, кој, исто така беше погоден од земјотресите.

„Оваа катастрофа нè потсетува дека Турција е во област со висока сеизмичка активност и дека е неопходно да се зајакне отпорноста и на приватната и на јавната инфраструктура. Светската банка е посветена на поддршка на напорите на Турција во оваа насока“, се вели во соопштението и се додава дека се уште се во тек проценките за последните последователни земјотреси.

Слични содржини