„Тајмс“: ЕУ разгледува можности за одложување на Брегзит до 2020

од Vladimir Zorba

– Претставници на Европската унија разгледуваат можности да го одложат Брегзит до 2020, откако Германија и Франција изразија желба преговорите за излез на Велика Британија да бидат одложени за да се спречи политичкиот хаос во земјата, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Досега тоа беше насочено на тримесечното одложување на Брегзит, од 29 март до крајот на јуни.

Според извори на „Тајмс“, претставници на ЕУ ги проучуваат правните можности за одложување на излезот на Велика Британија од Унијата за крајот на наредната година.

Слични содржини