Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“

од Vladimir Zorba

Во свечениот амбиент на „Понтификалниот институт за ориентални студии“ во Рим, вчеравечер се одржа проекцијата на документарниот филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во авторство и режија на Илија Ико Каров.

На иницијатива на амбасадорката на Северна Македонија во Ватикан, Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, документарецот за Бигорскиот манастир беше проектиран пред голем број амбасадори и други дипломати од повеќе држави, акредитирани во Светата Столица.

Целта на оваа проекција беше запознавање на дипломатскиот кор од повеќе држави во Ватикан со македонското културно и духовно богатство.

Присутните гости со громогласен аплауз му оддадоа искрено признание на режисерот Илија Ико Каров, на првиот асистент на режија и монтажер Бранко Блажевски, кој беше меѓу присутните, како и на целата екипа којашто цели пет години заедно со него работеше на овој проект.

Слични содржини