Вучиќ бил разочаран што Хрватска ја победила Русија па…

од desk4

Српскиот претседател Александар Вучиќ призна дека бил толку многу разочаран и очаен од загубата на Русија од тимот на Хрватска па  го  исклучил звукот на  телевизор.

“Ама  јас сум за Русија  и тоа е моето демократско право … И јас не сум возбуден поради многу работи, не сум среќен  ни со песните на Хрватот Томпсон.ЈЈас сум си за Русија која треба да ги сруши оние што се ставаат на Запад “, изјави Вучиќ за” Вечерње новости “.

Српскиот претседател го исклучил тонот  на телевизорот, бидејќи “бил  премногу вознемирен од коментарот на домаќинот на државната телевизија РТС”.

Вучиќ не кажа кого  ќе го поддржи во полуфиналниот меч меѓу Хрватска и Англија, но беше убеден дека “Англија ќе има многу навивачи во Србија”.

Инаку, Србите го напуштија Светското првенство во групната фаза, откако останаа трети во групата Е, зад екипите на Бразил и Швајцарија.

Слични содржини