Жарко Паспаљ: Од овде треба сите да си заминат

од desk4

Прославениот југословенски и српски кошаркар, Жарко Паспаљ, повторно стана ѕвезда на социјални мрежи откако тој преуреди запуштен заеднички двор меѓу згради на Врачар во Белград, претворајќи го во кошаркарски терен, објави магазинот „Време“.

Говорејќи за недостаток на солидарност во општеството, Паспаљ вели дека „можеме да разговараме – да ги обвиниме Милошевиќ, Вучиќ, Тадиќ или Коштуница, секој што е на власт последните 30 години, но ајде да почнеме од себе“, пренесе Бета.

„Беше тешко и за мене, кога го работев игралиштето во напуштениот двор, станувајќи секое утро во 6 часот и доаѓав со нови идеи за тоа како да го направам овој обичен двор да изгледа што е можно поубаво, секогаш во исчекување дека – сега ќе дојде некој. Но, не дојде“, вели Паспаљ.

„Ти доаѓа лутина, велиш, чекај, што е ова кај луѓето, знаете дека ве гледаат, гледаат некој кретен кој имал четири срцеви удари и шлог како самиот работи во заеднички двор, и најверојатно се прашуваа што тој прави. И вие велите за себе, тој го прави тоа затоа што има некаква корист. Ете тоа е тоа“, огорчен е Паспаљ.

Коментирајќи за масовното заминување на младите луѓе од Србија, тој вели дека „сите треба да си заминат“.

„Последица ќе биде конечното распаѓање на оваа земја. Никој нема да остане и тоа е тоа“, вели Паспаљ, и продолжува – „државата не се грижи за својот народ, а некој би морал“.

Тој додаде дека тоа е случај во Хрватска, Црна Гора, Босна, Србија…

„Ништо не се случува овде, но трагично е како последица на животниот стил од 1991 до 2019 година, а тоа се 30 години. Кога имате 50 години и размислувате за тоа, нормално е да ве фати бес“, заклучува Паспаљ.

 

Слични содржини