Жени се степале во казино во Центар

од Nikola Popovski

Две тепачки помеѓу жени се пријавени во текот на вечерта, информираат од МВР.

Прво во СВР Скопје во 21:30 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(42) и М.Н.(28), двете од Скопје. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Р.Д.(33) од Скопје, пак, утринава во 2:40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 0:30 часот во клуб за игри на среќа на подрачјето на Центар била физички нападната од женско лице.

Од МВР нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини