Жените – вообичаено осомничени за озборување, навистина се подготвени да ги споделат личните тајни со пријателите, вклучувајќи сексуален живот, покажува новото истражување објавено во британските медиуми.4760831

Според новото истражување повеќе од една третина од жените имаат тенденција да г споделат колку интимни партнери имале. 38% откриваат колку често имаат секс, а една четвртина разговараат со пријателки што е ново и авантуристичко и што сакаат да пробаат со партнерот.

Три на секои десет жени (30%) споделуваат во детали што правеле синоќа во спалната соба. Изгледа нивните партнери не доживуваат истата потреба да споделуваат толку лични детали. 33% од мажите би се пофалиле на пријателот, ако спие со директорката, но само 5% би зборувале за сексуалниот живот со сериозна девојка.

Слични содржини