50 милиони деца, ги напуштиле своите домови поради конфликти и катастрофи

од Vladimir Zorba

28 милиони деца се принудени да ги напуштат своите домови бегајќи од насилство и конфликти  Речиси 50 милиони деца низ целиот свет биле принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти и други катастрофи.

децаТие се претвораат во внатрешни бегалци или  си го фаќаат патот надвор од својата татковина и емигрираат. Според податоците на објавен во средата извештај на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) “28 милиони деца се принудени да ги напуштат своите домови бегајќи од насилство и конфликти”. Меѓу нив се 10 милиони бегалци, 1 милион чекале добивање азил во други земји, како и 17 милиони деца, определени како внатрешни бегалци, наведува ТАСС. Освен тоа 20 милиони деца го напуштиле земјите како емигранти како со своите родители, така и самостојно. Според извештајот, станува јасно дека се зголемува бројот на децата кои преминуваат границите без да се придружени со возрасни. Детскиот фонд на ОН повикува владите да создадат повеќе легитимни и сигурни начини за добивање на азил за настраданите од вооружени конфликти, стихијни катастрофи и други кризи. Специјалистите истакнуваат дека во земјите со високо ниво на доход од мигрантите кои успеваат да започнат работа носат на каса повеќе пари (при плаќање на даноци и слично), отколку оние кои се трошат за нив како социјална помош. По пристигнувањето тие  заземаат работни места кои бараат како ниска, така и висока квалификација. Тие придонесуваат за економскиот раст и иновации, наведуваат во УНИЦЕФ.

Слични содржини