Американскиот новинар, кој го навреди Путин, му се исмеја цинично на рускиот претседател, но како реагира Песков?

од Vladimir Zorba

Ќе се извинам во2023 година, вети Брајан О Рајли,  а да ќе те потсетиме, вети портпаролот на Кремљ Песков

Работам на извинувањето кон Владимир Путин, изјави американскиот новинар Брајан О Рајли, пренесе РИА Новости. Водителот на   “Фокс њуз”  посочи рок кога ќе побара прошка од рускиот претседател.

“Барањето на извинување од таков моќен човек, каков што е господарот на Кремљ, е сериозна работа. Неопходно ми е многу време за да се подготвам. Сигурно ќе бидам подготвен за 2023 година”, изјави тој во настапот синоќа.

Кремљ  ги смета за неприфатливи и навредливи изјавите на новинарот од Fox News на адреса на Русија Владимир Путин, изјави вчера  портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин смета дека новинари од медиуми намерно го  провоцирал американскиот претседател  за време на интервјуто.

На пораките и одговорите од страна  на американскиот новинар Песков реагира со остар коментар дека Кремљ ќе го држи на нишан Бил О’Рейли. “Со овој господин имаме различни сфаќања за добриот тон и правилата на внимитанието. Но, ние сме многу добри и трпеливи. Сега ќе ја  одбележиме во календарот 2023 година и тогаш пак ќе го потсетиме што треба да се направи”, рече Песков.

МОСКВА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ- ЕВЕ СЕ ШТО КАЖАЛ ТРАМП ЗА ТОА КОЈ Е УБИЕЦОТ!

Локално веќе информираше за О’Рајли, барајќи од новиот американски претседател одговор како ќе се развиваат односите со рускиот лидер, и на неколку пати провоцира Трамп со формулациите : “Но, тој е убиец и покрај сè. Путин е убиец “.

“Има многу убијци. И ние имаме многу убијци. Ти, што,  мислиш дека нашата земја е толку невина? “, Беше реакцијата на Трамп.

Вчера Песков од своја страна изјави дека не може даги коментира зборовите на Трамп, додека тие не бидат официјално потврдени од прес-службата на Белата куќа.

Слични содржини