Антиимигрантските “Алтернатива за Германија” и нанесе пораз на Меркел во Мекленбруг-Предна Померанија

од Vladimir Zorba

“Алтернатива за Германија” е втора сила во Мекнебруг-Предна Померанија.

гласање герм

Антиимигрантските партија “Алтернатива за Германија” му нанесе тежок пораз на Христијанско-демократскиот сојуз на канцеларката Ангела Меркел во нејзината родна провинција Мекленбруг-Предна Померанија,  и ј апрефрлија на третото место. Германската социјалдемократска партија победи на изборите за Ландтаг во федералната покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Според прелиминарните податоци, социјалдемократите добиле 30,6% од гласовите. На второ место се наоѓа евроскептичната десничарска партија “Алтернатива за Германија”, за која гласале 20,8% од избирачите. Владејачкиот на национално ниво Христијанско-демократска унија / ХДЗ / на федералната канцеларка Ангела Меркел е само трета, добивајќи околу 19% од гласовите.

Ова е тежок удар за неа, нанесен во нејзината родна провинција. Во локалниот парламент ќе бидат претставени уште две сили, Левата партија со 13,2% од гласовите, и “Зелените” со 4,8%. А либералите од Слободната демократска партија / СвДП / и националистите од Националдемократска партија / НДПГ / добиваат 3% и соодветно нема да имаат свое парламентарно присуство.

Врз основа на овие податоци пратеничките мандати се распределени на следниот начин: СПД – 26 пратеници, “Алтернатива за Германија” – 18, ХДЗ – 16, Левата партија – 11. Одѕивот е значително повисок во однос на изборите од 2011 година Сега тој  е 61,6%, а на претходните избори – 51,5%.рлинхг

Премиерот на федералната покраина Мекленбург-Ервин Зелеринг кој е лидер на СПД, сеуште не одлучил со кого ќе управува во следните 5 години. Досега провинцијата беше управувана од коалиција меѓу социјалдемократите и христијанскте -демократи. Тој вели дека ќе води преговори и со останатите партии, што не значи дека нема да биде продолжена коалицијата со ХДЗ. Теоретски е можно создавање и на “црвено-црвена” коалиција меѓу СПД и Левата партија. Во исто време сите партии барем засега исклучуваат соработка со евроскептичната “Алтернатива за Германија”.

Ервин Зелеринг ја критикуваше Меркел и ја повика на промени својата имиграциски политики, како резултат на која Федералната република се наполни со мигранти. Според него таа не може да ја  повторува фразата “Ние ќе се справиме”, бидејќи Германците се сериозно загрижени и тоа треба да се земе предвид. Зелеринг е убеден дека успехот на “Алтернатива за Германија” се должи во голема мера токму на погрешната имиграциски политики, предводена од канцеларката.

Слични содржини