(ГАЛЕРИЈА) На луксузно кампување на Антартикот

од Vladimir Zorba

Ова е одлична вест за оние кои сонуваат да ги видат пингвините на Јужниот Пол. Врз купиштата мраз и снегови веќе има луксузен камп кој ќе ги засолни истражувачите на замрзнатиот континент. Поскапичко е сепак од Дубаи, не е за секого.fc1a3cbd2b2da2d50713115935cb66bc (1)

Кампувањето во “Белата пустина” всушност постои веќе близу деценија, но неодамна тој тип забава беше обновен и од старата база беше претворен во луксузен камп за љубителите на екстремните искуства.

Реновирањето вклучуваше подигнување на нови шест бунгалови од фиберглас. Тие се целосно опремени со удобности – широки спални соби, тематски трапезарии, кујнски боксови, бањи со туш кабини, а некои бунгалови се наменети целосно за собири и социјални активности.

Изградбата била цела авантура. Сите материјали биле транспортирани до Јужниот Пол со товарен руски авион Ил-76, а пренесувањето на секој килограм чинел по 17 долари. Направени се неколку курса, сите по 20 тони, за да се превезуваат и старите материјали. Така се чувала чистотата на девствениот континент.

Патувањето до ледениот континент се врши само во ноември и декември, а летот трае околу 5-6 часа. По слетувањето на официјално регистрираниот”Непознат меѓународен аеродром”, чија патека е целосно од мраз, авантурата започнува.

Оние кои би можеле да платат по 72 000 долари за неколку дена, ќе видат царски пингвини, ледени арктички пештери и чудото на замрзнатата пустина.

Видете го нестандардниот камп во нашата галерија.

Слични содржини