Груби: Очекувам законот за јазици да биде донесен по Нова година

од desk2

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, за предлог-законот за употреба на јазици вели дека седниците доцнеле бидејќи имало поприоритетни закони кои требало да бидат донесени.
Тој рече дека иако сите членови на комисијата и Владата биле известени, сепак, денеска отсуствувале претставници од Министерството за правда. Тој вели дека роковите за дебата и за донесување на законот почнале денеска со усвојувањето на дневниот ред на комисијата.


„Јас очекувам дека пратениците на ВМРО-ДМНЕ ќе дојдат да ги образложат своите амандмани и на крај да гласаат за усвојувањето на законот, а да ги повлечат амандманите. Тие не известиле дека ќе го бојкотираат Собранието, а со тоа очекувам да се појават. Тие потпишаа мировен договор и тие треба да потпишат за усвојување на Законот. Усвојувањето на пленарна седница може да почека по 23 декември бидејќи динамиката на Собранието е веќе закажана”, рече Груби.

Тој вели дека не е важно кога ќе се гласа за овој закон туку важно е дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа за усвојување.

За законот се поднесени вкупно 90 амандмани, а Груби верува дека дебатата ќе биде исцрпена за по Нова година да биде изгласан законот.

„Јавноста е најдобро запознаена што содржи овој закон. Не го загрозува унитарниот карактер на државата и на уставниот поредок. Политичките претставници на Македонците не треба да ги заплашуваат граѓаните. Законот мора да биде усвоен и во таа форма треба да биде испратен во Венецијанската комисија. Што се однесува до членот 8, тој е тргнат. Таму беа банкнотите, униформите и хартиите од вредност”, додава Груби.
Денеска почнуваат да течат роковите за дебата кои се предвидени со деловникот, но нема датум за следна седница на комисијата. На новинарско прашање дали ова е злоупотреба на деловникот за работа на Собранието, Груби не одговори конкретно, но го негираше истото.

Слични содржини