Китаровиќ: Балканот воопшто не е приоритет за Трамп

од Vladimir Zorba

„Ако САД и ЕУ го изгубат  фокусот, има голема веројатност да дојде до уште поголемо компликација во односите меѓу одделни земји и процесот за пристапување кон НАТО и ЕУ на нашите соседи да се забави уште повеќе “.

Хрватскиот претседател, Колинда Грабар Китаровиќ смета дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе се фокусира првенствено на проблемите во Сирија, Ирак, Иран и врз односите со Русија. Изјавата уследи по нејзиното 10-дневно посета на САД.

 

Во емисијата “Зад завесите” на државната телевизија ХРТ Китаровиќ соопшти дека со советниците на Трамп за надворешна политика зборувала за местото на Хрватска во политиката на САД и за односите на властите во Загреб со соседните земји.

“Со советниците за надворешна политика на Трамп разговаравме како Хрватска ќе го најде своето место, разговаравме за позициите по отворените прашања со соседите, за односите  со соседните земји и нивната интеграција”, истакна Колинда Грабар Китаровиќ. Од разговорите сфатив дека за администрацијата на Трамп Југоисточна Европа и Хрватска нема да бидат меѓу нејзините големи приоритети, бидејќи таму нема војни и превирања, прецизира Китаровиќ и додаде: Тие ќе се фокусираат на Сирија, Ирак, Иран и односите со Русија. Поради оваа причина е неопходно да се укаже на Југоисточна Европа. Зашто, ако САД и ЕУ го изгубат  фокусот, има голема веројатност да дојде до уште поголемо компликација во односите меѓу одделни земји и процесот за пристапување кон НАТО и ЕУ на нашите соседи да се забави уште повеќе “. “Хрватска е обврзана да се позиционира како соговорник, како соседна земја која може да придонесе и да работи за стабилноста и безбедноста во регионот”, заклучува хрватскиот претседател.

Слични содржини