Откажана комисијата за законот за јазици, пред Собрание шатори

од desk4

Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за  законот за употреба на јазиците е откажана, информира ТВ24.

Нема информации кога би се одржала и зошто буквално преку ноќ ја снема од веб страницата на Собранието.

Претседателот на комисијата Артан Груби кој што е во работна посета во Брисел не одговараше на  телефонските повици. Откажувањето на комисијата доаѓа откако вчера еврокомесарот Јоханес Хан ја предупреди Владата дека законот за јазици не  е европски приоритет.

Во меѓувреме  дел членови на здружението македонски национален совет поставија шатори пред Собранието и порачаа дека нема да си одат од таму додека не  се повлече законот за употреба на јазиците.

Слични содржини