Поларните спротивности на Франција: Прашањата на кои Ле Пен и Макрон целосно се разминуваат

од Vladimir Zorba

Центристот Емануел Макрон и десничарската Марин Ле Пен, кои влегуваат речиси рамо до рамо на вториот круг од претседателските избори во Франција, се со дијаметрално спротивни ставови за клучните прашања.

Еве ги нивните ставови :

1. Европа

Ле Пен инсистира дека Франција треба да се откаже од еврото и да ја напушти Шенген зоната за безвизно патување. Таа ќе води 6-месечни преговори за враќање на овластувањата од Брисел на националните престолнини, по што ќе организира референдум за членството на Франција во ЕУ.

Ле Пен се противи на трговскиот договор СЕТА меѓу ЕУ и Канада.

Макрон, кој е поранешен банкар и министер за економија, имаше чиста проевропска кампања. Тој сака да ја зајакне еврозоната како се посебен посебен буџет за 19-те држави користејќи единствената валута. Нуди во еврозоната да има свој парламент и финансиски работи. Сака Европа да ги зајакне своите надворешни граници и  создаавање заедничка гранична стража и  повеќе  фокусирање  на одбранбени сили. Ќе наметне повисоки тарифи за заштита на европската индустрија од нелојална конкуренција, особено од Кина. Генерално поддржува меѓународните трговски договори и СЕТА.

2. Имиграција

Ле Пен вети да воведе привремен “мораториум” врз долгорочната законска имиграција додека не бидат одобрени квоти. Сака да ја  намали до 10 000 нето миграцијата – разликата меѓу бројот на луѓето кои пристигнуваат, и оние кои заминуваат и да забрани на нелегалните имигранти да добиваат жителство. Ќе  го усложни барањата за добивање азил и ќе ја ограничи политиката, која им овозможува на мигрантите да доведат и роднините во Франција. Странците осудени за терористички активности или друго кривично дело, ќе бидат автоматски депортирани, ќе укине законот кој овозможува деца на мигранти, родени во Франција, да добиваат француско државјанство. Ќе ги заостри законите против верски симболи, проширувајќи забраната за женски муслимански бурки , христијански крстови, еврејски шапчица кипа и други симболи на јавни места. Ќе забрани исламистичките дамски бански Буркина.

Макрон рече дека нема да се обидува да го забрани верските симболи надвор од училиштата, ниту ќе забранува Буркина. Тој ја поддржува различноста и вети даночни олеснувања на компании кои вработуваат млади луѓе од претежно имигрантски населби со висока криминал. Вети дека ќе го забрза разгледувањето на барањата за азил до не повеќе од 6 месеци, вклучувајќи и  време за жалба. Ја пофали германската канцеларка Ангела Меркел за нејзина великодушена    политика кон барателите на азил мигранти.

3. Право на работа и пензија

И двајцата кандидати изјавија дека ќе ја  задржат официјалната 35-часовна работна недела, воведена од социјалистичката влада во 2000 година.

Макрон сепак, кој е либерал, вети дека ќе им даде на компаниите повеќе слобода да го договараат работното време директно со вработените.

Ле Пен сака да ја зголеми возраста за пензионирање од 60 на најмалку 62 години. Макрон сака да гообедини сложениот систем од правила за пензионирање за различни вработени во државниот и приватниот сектор, задржувајќи ја сегашната возраст за пензионирање. Сака да им даде на самовработените пристап до бенефиции за невработеност, но ќе престане со бенефиции за квалификувани работници кои одбиваат две последователни “достојни” понуди за работа.

За да го совлада буџетот Макрон сака да отпушти 120 000 работни места за државни службеници, но без оние во болниците, и  паралелно создаде 10 000 работни места во полицијата и 4-5000 работни места за професори.

Ле Пен се прогласува за повеќе државни службеници на национално ниво и во болниците, но сака помалку работни места под управување на регионалните власти.

Сака и 21 000 нови полициски и царински службеници.

4. Даноци

Ле Пен ќе стави 35-процентен данок на стоките на компании кои извезуваат своето производство надвор од Франција и ќе воведе нов данок за оние кои вработуваат странски работници, како дел од нејзината политика за предност на француското. Ќе ги скрати даноците на доход со 10% за домаќинствата со ниски приходи и ќе го отфрли планот за данок на месечните примања, кој треба да почне да се применува од следната година.

Во моментов Французите плаќаат данок на доход во годината по онаа во која е добиен. Макрон сака три годишно ослободување од даноци за 80% од француските домаќинства. Сака исто така да стане т. Нар. Имот “данок солидарност” за луѓе пријавиле над 1,3 милиони. Евра во средства во данок на имот, кој ќе исклучува финансиските средства.

Ле Пен рече дека нема да допира данок богатство.

5. Енергетика ,образование, семејство

Макрон вети до 2025 година да ја намали зависноста од нуклеарната енергија до 50% од вкупните потреби од електрична енергија од сегашните 75 проценти.

Ле Пен е тврда приврзаничка на нуклеарната енергија и ќе го прекине напорите на Франција да развива ОИЕ. Во образованието Ле Пен ќе наметне униформи за сите државни училишта и ќе престане спорната реформа, насочена кон намалување на времетраењето на училишните часови.

Макрон сака да им даде на училиштата поголема автономија при вработување на персонал и да се скрати за половина големината на паралелка во основните училишта во областите со ниска стапка на успех и сиромаштија. Ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта.

Ле Пен сака да укине усвоен во 2013 закон за хомосексуалните бракови и да го замени со нова форма на соживот. Ќе го ограничи и медицинскиот помагање на двојки со репродуктивни проблеми.

Макрон сака лезбејски парови исто така да имаат пристап до лекување на неплодност. / АФП

Слични содржини