Тесла има уште едно изненадување: Електричен пикап

од desk2

Компанијата на Елон Маск неодамна ги покажа долго очекуваниот електричен камион Tesla Semi и новиот Roadster што на патиштата ќе стигне во 2020 година.

Елон Маск не застана таму. На презентацијата на кратко го претстави и концептот за електричен пикап на Tesla.

Електричниот пикап/камионет на Tesla ќе се разликува од традиционалното возило од овој тип, едно од најпопуларните во САД, пред сѐ по дизјнот, но и по големината.

За да ги долови неговите размери, Маск го покажа дизајнерскиот цртеж на кој се гледа дека возилото во делот за товар носи стандарден пикап, какви што денес возат по американските патишта.

Освен по димензиите, пикапот на Tesla се издвојува од конвенционалниот пикап и по дизајнот на патничката кабина што потсетува на намалена кабина на електричниот камион-шлепер Tesla Semi.

Со оглед на тоа дека американскиот производител моментално е зафатен со зголемување на нивото на производство на најважниот автомобил во гамата, Model 3, што нестрпливо го очекуваат над 400.000 муштерии, додека истовремено работи на подготовки за производство на камионот, Roadster-от и веќе најавениот помал кросовер Model Y, се чини дека пикапот ќе мора малку да причека да му дојде ред.

Слични содржини