(ВИДЕО) Херман Гунтерберг вели јас сум Хитлер: Имам 128 години и жив сум!

од Vladimir Zorba

Фирерот се криел под името Херман Гутенберг и мислел да претстави својата гледна точка за војната во автобиографија во септември.

Маж кој веројатно во моментов има 128 години и е од од Салта во Аргентина тврди дека тој е поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер и дека ги поминал последните 70 години во криење, пишуваат локалните медиуми. Во интервју за аргентински локален весник натурализираниот германски имигрант објаснува дека тој пристигнал во Аргентина во 1945 година со фалсификуван пасош од Гестапо, кој гласел на име Херман Гунтерберг.

Како што тврди овој човек, тој одлучил да го прекине криењето откако во 2016 година израелските тајни служби Мосад официјално ја прекинаа програмата за пронаоѓање на нацистички криминалци. “Хитлер”, додава исто така, дека планира да издаде својата автобиографија во септември.

“Ме обвинуваат за многубројни зла кои никогаш не сум изведувал. Поради тоа поминав повеќе од половина од својот живот во криење на Евреите, па веќе сум си ја откупил вината. Спечалувањето на имиџ на лош човек само затоа што ја загубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат од мојата гледна точка, ќе се промени начинот на кој ќе ме гледаат “, вели Гунтерберг-Хитлер.

Според официјалната историја Хтилер извршил самоубиство на 30 април 1945 година во бункерот во Берлин. Цело време има теории дека тој избегал во Латинска Америка, како што тоа го сториле и многу други високи нацисти при крајот на војната.

Во 2016 година Авел Бастен објавува книгата “Хитлер во егзил”, во која тврди дека Фирер избегал во Аргентина, каде живеел 10 години пред да се пресели во Парагвај под заштита на диктаторот Алфред Стреснер, кој имал германско потекло. Според Бастен сепак Хитлер починал во Парагвај на 3 февруари 1971 година

Како што може да се очекува многу малку луѓе му веруваат на старецот од Аргентина, вклучувајќи и сопствената сопруга Ангела Мартинез, која е на 55 години. Таа тврди дека неговите шокантни тврдења се последица од деменција и дека до пред две години нејзиниот сопруг воопшто не го споменувал Хитлер или нацистите. Сепак цели дека сопругот може навистина да бил нацист и да се чувствува виновен за своето минато. Сосема случајно, само неколку дена откако Гентерберг го објави сензационалното тврдење , аргентинската полиција откри вистинско наоѓалиште од нацистички артефакти во куќа во Буенос Аирес, веројатно најголемата колекција која досега е пронајдена.

Слични содржини