Во 14 сообраќајки во Скопје, шест повредени лица

од Vladimir Zorba

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје извршила увид на 14 сообраќајни несреќи, од кои осум се со материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица. стоп правец

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, шест возачи почетници сториле прекршоци по разни основи и 17 пешаци поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Затекнати се и 72 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 69 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР – Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Росица“, објект „Пампурче“, која се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Вработените во МЗТ „Леарница“ АД Скопје со почеток во 12:00 часот ќе одржат протест  во централното градско подрачје.

Со почеток во 18:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар за играчи до 21 година помеѓу  Репрезентацијата  на Република Македонија и  Република Ирска.

Со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките  на  СЕХА-лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и РК Вардар.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овие вонредни настани сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.

Слични содржини