Зендели: БЕСА ќе учествува во амандманската расправа ако Груби не не блокира

од desk4

БЕСА нема да учествува во понатамашна амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, доколку претседателот на Комисијата за европски прашања, Артна Груби, продолжи да ги опструира амандманите предложени од БЕСА.
Ова во вечерашната Топ Тема на Ваша страна го изјави пратеникот од редовите на БЕСА, Фадил Зендели, обвинувајќи го Груби од ДУИ дека целта му е да оневозможи дебата, информира Телма.

„Ќе учествуваме на утрешната дебата само ако ни се овозможи да дебатираме по амандманите кои се во постапка пред Комисија. Ако не ни се овоможи тоа, ние нема да бидеме дел од сценаријата кои сака Груби да ги спроведе во Комисијата“, вели Земдели.

Тој вели дека ДУИ долго време биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не успеваат да се ослободат од навиките кои ги стекнале со нив за блокирање.

Зендели во Топ Тема на Ваша страна информираше дека БЕСА закажала Конгрес на партијата за 24 февруари кога ќе ги конституираме своите органи и ќе бира нов претседател за движењето. На првиот конгрес на БЕСА кандидатура за претседател навестил и нејзиниот актуелен лидер, Биљал Касами.

Зендели не ја отфрли можноста БЕСА да биде дел од владината коалиција велејќи дека доколку стигне таква покана од премиерот, тие тоа ќе го разгледаат.

Слични содржини