Српски агент присутен на собраниските инциденти

од desk3

 

Поранешен заменик директор на српската разузнавачка служба БИА, и сегашен нејзин активен офицер,  Горан Живаљевиќ, бил вечерта на 27 април во Собранието за време на инцидентите, објави телевизија Телма. Живаљевиќ веќе трет мандат е советник во Српската амбасада во Македонија. Ова е надвор од дипломатскиот протокол, велат изворите за телевизијата.

 

На прашањето зошто  бил таму? Живаљевиќ со одговор –  бил службено, за да види дали во инцидентите учесвуваат и луѓе од Србија.

Горан Живаљевич  вечерта за време на инцидентите  влегол на главната собраниска врата и се упатил во пленарната сала, каде според информации на телевизијата таму и се фотографирал.

Од МВР и од МНР нема реакција ниту информација дали се преземаат мерки за неговото присуство во Собранието.

Постојат индиции дека Горан Живаљевиќ учесвувал во Москва минатата година, во друштво на претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ како регионален потписник на руската иницијатива за создавање на воено неутрална територија на Балканот заедно со пратеници нд Република Српска, Црна Гора, Бугарија и Македонија.

 

Слични содржини