Шеесет и четири отсто од Французите се задоволни од работата на претседателот Емануел Макрон и од премиерот Едуард Филип, покажуваат резултатите од анкетата на ИФОП изработена за „Журнал ди Диманш“.
За претседателот Макрон 54 отсто од испитаниците изјавиле дека се „задоволни“ (во мај тие беа 50), а 10 проценти се изјасниле како „многу задоволни“ (12 отсто во мај). Кај 35 отсто од незадоволните, 23 проценти истакнале дека се „прилично незадоволни“ (плус три отсто во споредба со мај), а 12 отсто дека се „многу незадоволни“ (плус еден). Еден процент од испитаниците се неопределени наспроти седум отсто минатиот месец.
Истражување беше спроведено од страна на ИФОП кај 181.883 лица од репрезентативен дел на француското население на возраст од 18 години во периодот од 14 до 24 јуни.