Brabus Smart: Џепна ракета од Германија

од desk2

Германската автомобилска компанија Brabus ја претстави специјалната серија на Smart која ја „нашминка“ до крајниот детал. Атрактивниот изглед и подобрените перформанси се одразуваат и во цената на овој мини-автомобил.

Специјалното издание на Smart доби сосем нов мотор со повеќе коњски сили, што предизвика и зголемување на максималната брзина.

За разлика од досегашните 71 коњски сили, новиот Smart има 0,9-литарски мотор со 125 коњски сили и вртежен момент од 200 Nm. Сега неговата максимална брзина изнесува 175 км/ч, а забрзува од 0 до 100 км/ч за 9,2 секунди.

Поширокото тело го прави Brabus Smart далеку поатрактивен од стандардниот модел, додека трите издувни цевки на задниот дел додаваат за целосното доживување кај автомобилот.

Производството е ограничено на 125 примероци, а судејќи по цената од 39.900 евра, тешко е да се замисли дека ќе има интерес за повеќе вакви автомобили.

Слични содржини