Два земјотреси утрово во Србија, се почуствувале и во Бугарија

од Vladimir Zorba

Два земјотреси утрово се случија во Србија во рок од еден час, а најсилниот беше во областа Свилајнец, во Марковац во осум часот и 47 минути.

Неговата сила беше 3,8 степени според Рихтеровата скала.

По еден час, земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на градот Петровац на Млава, на 12 километри југоисточно, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Движењето на тлото се почувствува во Белград, но и во Бугарија.

Слични содржини