Филипче: Во делови на Скопје ќе има сркининзи како што има во Дебар и околината на Струга

од Aleksandar Todeski

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека во земјава пристигнуваат публикации од Кина и европските земји, меѓу кои има една во која е објавено за тоа како почна епидемијата во северна Италија и дека најголемиот проблем со кој може да се соочи здравствен систем е да се пополнат одделенијата за интензивна нега за кратко време.

Поради тоа, министерот вели дека ќе се прави скрининг во некои делови од Скопје како што тоа се прави во Дебар и околината на Струга, со цел навремено окривање.

„Скрининзите по епидемиолошки индикации, како што правиме во Дебар, околината на Струга, а се прави план и за некои делови на Скопје, кои се прават за навремено откривање. Сите треба да се придржуваат до мерките на владата“, истакна Филипче.

Слични содржини