Филипче: Вонредната состојба е потребна за евентуално построги мерки

од Aleksandar Todeski

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека вонредната состојба е потребна за ингеренциите кои ги има владата, особено ако треба да се преземат построги мерки.

„Владата даде предлог до Собранието, односно претседателот на Република Северна Македонија за прогласување на вонредна состојба. Ние во здравствениот сектор и функциониравме во една вонредна состојба, но сметам дека вонредната состојба со ингеренциите кои ги добива владата ќе помогне за сите мерки и евентуално построги мерки“, рече Филипче.

Министерот апелираше да се почитуваат мерките кои ги има донесено владата, додавајќи дека и досегашните мерки се практично вонредна состојба. Вели, има потреба да се донесе вонредната состојба за евентално построги мерки.

Слични содржини