Како изгледа Škoda Karoq во полициско издание?

од desk2

Автомобилите на Škoda стануваат се повеќе популарни помеѓу полициските сили во многу земји.

Полициски Škoda автомобили одамна се присутни во Чешка, а истите автомобили можат да се видат и на патиштата во Велика Британија, на кои наскоро ќе им се придружи и моделот SUV Karoq.

Возилото содржи карактеристична комбинација на бои за британската полиција, а опремено е со сите потребни гаџети и визуелно-звучна сигнализација. На кровот се наоѓаат полициски светла во LED технологија.

Полициските службеници на располагање го имаат стандардниот простор во багажот од 521 литар, кој со отстранување на задните седишта може да се прошири на максимални 1.810 литри.

Полицискиот Karoq е опремен со бројни системи на асистенции, вклучувајќи и Font Assist за City Emergency Braking и Pedestrian Monitor функциите, Blind Spot Detect и Adaptive Cruise Control.

Автомобилот може да се движи со еден од четирите понудени мотори – два TSI бензинци и два TDI дизел мотори, кои располагаат со 115 и 150 коњски сили, а најсилниот дизел мотор е достапен во верзија со погон на сите четири тркала.

Во прилог погледнете ги некои од моделите на Škoda, кои од порано беа модифицирани за потребите на полицијата и другите итни служби во Британија:

Слични содржини