Посен, брз, превкусен колач

од desk2

Посната храна може да биде сè, само не безвкусна! Тоа особено се гледа кога се работи за десертите, а мислењето дека за добар посен колач се потребни скапи и тешко достапни производи е само уште една од многуте заблуди.

Еден од најдобрите докази за тоа е овој рецепт за посен чоколаден колач со џем, во кој ќе уживате. Дополнителен плус е тоа што подготовката на овој колач не одзема многу време, ниту изискува валкање еден куп садови, па затоа засукајте ги раковите што е можно порано и направете го овој феноменален посен колач!

Потребни состојки:
100 грама чоколадо
1 шолја шеќер
половина шолја масло
1,5 шолја вода
3 шолји брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 грама мелени ореви или печени лешници
лажичка масло
лажичка брашно
3 лажици џем од кајсија
200 грама глазура Менаж

Начин на подготовка:
Стопете го чоколадото, па додајте шеќер, масло, вода, брашно и прашок за печиво. Сето тоа добро измешајте го, па додајте ореви или лешници и соединете ја смесата.

Подмачкајте го плехот со лажичка масло, наросете лажичка брашно на дното за да не се залепи тестото, па истурете ја смесата и печете на 180 степени околу 20 минути.

Премачкајте го врелиот колач со џем, па кога ќе се излади малку, прелијте го со чоколадна глазура. Штом почнете да го сечете колачот, ќе се воодушевите, бидејќи чоколадото озгора нема да пука, па ќе имате одлични коцки со совршен облик.

Уживајте во фантастичната комбинација на вкусови!

Слични содржини