Секс со пријател или пријателка: Какви замки крие тој однос?

од desk2

Повремен (или постојан) секс со пријател или пријателка. Зошто да не? Ништо не мора да си објаснувате еден на друг, нема игри, нема љубоморни испади. Но, дали тоа е „само секс“ и какви замки крие тој однос?

Резултатите од истражувањата на „Michigan State University“, покажуваат дека повеќе од половина американски студенти имале пријател/пријателка за секс или барем еднаш се заглавиле со пријател или пријателка, а пред да „падне“ секс, се дружат во просек една година. Освен предностите што ги нуди овој однос, кои се потенцијалните лоши страни на кои веројатно не рачунате?

Да тргнеме по ред…

1. Треба да ги дефинирате основните правила
Дали спиете со други луѓе? Колку често излегувате заедно или се слушате? Пријателско-еротска врска, може да ве доведе до конфузна ситуација, па добро е да одредите правила кои не смеат да се прекршат. Во спротивно, може да дојде до проблеми, несогласувања и расправии.

2. Можете да се „навлечете“
Во текот на оргазамот, се лачи окситоцин, кој го продлабочува чувството на заедништво. Ако имате секс со пријател или пријателка, склони сте кон романтични гестови, како што е држење за рака, наспроти секс со некој помалку познат. Честата комуникација и разменување допири се веќе „лизгав“ терен на кој некој може нешто да скрши…

3. Пријателството може засекогаш да заврши

Дали после сѐ, можете да останете пријатели? „Да“, велат 36% од испитаниците. Толкав е просекот на студентите кои го задлабочиле пријателскиот однос, без да го пореметат. Само на 4% од случаевите, сексот им прераснал во нешто повеќе, поточно во врска. Во преостанатите 60%, пријателството завршило кога еден од двајцата се заљубил во некоја трета личност.

Во овие 4%, кадешто пријателите со бенефиции станале среќен пар, спаѓа и брачниот пар Качер – Кунис. Откако американскиот актер, Ештон Кучер, се развел, а неговата пријателка и колешка Мила Кунис ја прекинала врската, се договориле да бидат „Friends with benefits“, а потоа Мила непланирано се заљубила „до уши“.

„Една вечер сфатив дека повеќе не можам така, дека не сакам да го делам со други жени, па одлучив дека најдобро е да прекинам. Му заѕвонив на врата и му реков дека го сакам и дека поради тоа е готово помеѓу нас и во солзи си заминав дома. Не ни сонував дека продолжението ќе биде толку бајковито: тогаш тој заѕвони на мојата врата и ми кажа дека и тој ме сака“, раскажала Мила.

Ваков „happy end“ многумина посакуваат, но ретко кој навистина го доживува.

Слични содржини