Тетовец заврши во болница откако излетал со возилото на автопатот кон Скопје

од Nikola Popovski

На 28.12.2023 во 11:12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(61) од с.Копанце, тетовско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Слични содржини